Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Атлантскиот океан, во близина на брегот на островската држава Антигва и Барбуда, соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на потресот бил на околу 273 километри североисточно од Антигва и Барбуда, земја на границата на Карипското Море и Атлантскиот Океан. Се почувствувал на неколку острови, меѓу кои и Порторико.
Се тресело на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. И покрај силината на земјотресот не е издадено предупредување за цунами.







