Без струја утре корисниците во неколку скопски општини

„Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја во различни временски периоди ќе останат корисниците во неколку населби во Скопје“,
информира ЕВН.

Во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Герника“ (општина Кисела Вода).

Без електрична енергија во период од 10:30 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на ул. „Алжирска“ од бројот 1 добр.33 (општина Карпош).

Во периодот од 11:00 до 13:30 часот струја нема да имаат корисниците од бул. „АСНОМ“ броевите: 36, 52, 54, 56, 58, 114 и бр.116 (општина Аеродром).

Без електрична енергија во периодот од 11:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од дел на село Долно Соње и место викано Спас (општина Сопиште)