Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бектеши: Нема повеќе пари за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
Економија

Бектеши: Нема повеќе пари за ПВЦ прозорци и сончеви колектори

април 20, 2018Updated:април 22, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција посветена на мерките од Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година, чиј носител е Министерството за економија информираше дека средствата за мерките за надоместување на трошоците за замена на старите со ПВЦ/алуминиумски прозорци и за купени и вградени сончеви колектори се исцрпени, иако роковите на огласите сѐ уште траат.

„Еден од главните приоритети на Владата и на Министерството за економија е да го подобри квалитетот на животот на своите граѓани. Во енергетскиот сектор креиравме политики и мерки кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија, унапредување на енергетската ефикасност, а со тоа и заштеди во домашните буџети и заштита на човековата околина. Овие мерки предизвикаа огромен интерес кај домаќинствата, а распределбата на поддршката е реализирана по принципот „прв дојден, прв услужен“, сѐ до целосно искористување на предвидените средства за оваа намена. Така, за сончеви колектори пристигнаа над 900 апликации, а буџетот беше шест милиони денари, додека за ПВЦ прозори беа доставени повеќе од 1.400 барања, за буџетот од 30 милиони денари“, истакна министерот.

Со оглед на интересот од страна на домаќинствата, министерот Бектеши вети дека ќе побара дополнителни средства за овој тип на субвенции од Владата, со првиот ребаланс на буџетот.

Тој уште еднаш потсети граѓаните да не аплицираат ниту за поддршка за печки на пелети, зашто поради големиот интерес, средствата за поддршка и за оваа мерка, која стартуваше прва, се веќе исцрпени.

„За првата мерка – субвенционирање на купување на печки на пелети, која годинава за првпат ја воведовме, имавме обезбедено 14 милиони денари, а од 645 апликанти, 433 домаќинства се субвенционирани“, рече тој.

Само за потсетување, минатата година, со ребалансот на буџетот беа обезбедени 16 милиони денари за соларните колектори со кои се субвенционираа 1.794 домаќинства од 2.747 апликации, а за ПВЦ прозорците беа издвоени 36 милиони денари за субвенционирање на 1.327 домаќинства од 2.407 апликации.

бектеши буџет економија министерство палети печки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.