Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бектеши: Постигната целта од милион туристи, со членството во НАТО оваа бројка ќе се зголемува
Економија

Бектеши: Постигната целта од милион туристи, со членството во НАТО оваа бројка ќе се зголемува

февруари 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Македонија во 2018 година ја исполни целта од Стратегијата за развој на туризмот достигнувајќи бројка од еден милион туристи, а оваа бројка Владата очекува да се зголемува за што ќе придонесе и денешното потпишување на Протоколот за членство во НАТО.

„Потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО ќе отвори нови врати за РМ, држава која ќе биде побезбедна и постабилна што ќе придонесе и кон зголемување на бројот и на туристи и на ноќевања, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција на која ја претстави програмата за развој на турзмот за 2019 година.

Потенцира дека Република Македонија оди напред, дека денеска се потпиша Протоколот за членство во НАТО, а во јуни се очекува и конкретен датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Покрај зголемување на бројот на странски и домашни туристи, министерот е убеден дека ќе има зголемен број транзитни ноќевања, но и раст на бројот на работници во овој сектор. Во 2018 одина, како што посочи, ова е еден од најрастечките сектори со над 15 проценти и по бројот на домашни и странски туристи и ноќевањата.

„Во 2018 година имаме над еден милион туристи, а туризмот учествува со три проценти во БДП. Не застануваме тука и ќе продолжиме со различни мерки, рече Бектеши додавајќи дека со ова е постигната целта на Стратегијата за развој на туризмот со која се предвидувало да се достигне оваа бројка во 2020 година.

Министерот појасни дека мерките за развој на туризмот се преземаат од неколку институции, меѓу кои Министерството за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Координативното тело за туризам во Владата на на Република Македонија, додека креатор на политиките во туристичкиот сектор е Министерството за економија.

Тој додаде дека нивните активности за развој на туризмот за 2019 година се систематизирани во Програмата за развој на туризмот за 2019 година за која во Буџетот се обезбедени финансиски средства од 36 милиони денари.

Меѓу мерките ги наведе дека продолжува субвенционирање годишен одмор за лица со ниски примања, изработка на „Бренд Стратегија“ за туризам, студии за вински и спа туризам, анкета за туристичка понуда во РМ…

Најави дека се подготвува нов закон за туризам за што ќе се формира работна група, а ќе се консултираат и сите засегнати страни.

Одговорајќи на новинарско прашање за зимскиот центар Попова Шапка, рече дека се прави анализа за да се утврди на кој начин ќе се развива Попова Шапка.

„Со зимскиот центар управува Елем турс, фирма ќерка на ЕЛЕМ. Нелогично е компанија која треба да произведува струја да се занимава со развој на туристички центар. Опцијата е ски центарот да биде јавно претпријатие, а хотелските објекти да се приватизираат, рече Бектеши кој додаде дека ставот ќе биде познат и откако во Општина Тетово ќе помине Деталниот урбанистички план.

Во врска со вработувањето на неговата сестра во Мепсо, рече дека тој не влијаел, бидејќи МЕПСО повеќе не е под ингеренции на Владат, туку под Минситерството за транспорт и врски и оти неговата сестра има завршено образование во Италија и дека има работно искуство.

ЕУ македонија НАТО туристи членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

ЕУ целосно ја забранува употребата на бисфенол А во амбалажата за храна

октомври 13, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.