Белата куќа потврди: Путин ќе биде повикан на Самит за климата

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, го повика рускиот претседател Владимир Путин, со уште четириесет светски лидери, да учествува на Самитот за климата што ќе се одржи на 22 и 23 април годинава, потврдија од Белата куќа.

Бајден изјавил дека сеуште не разговарал со Путин, ниту со лисерот на Кина, но дека тие знаат оти се поканети.

Сеуште не, тие знаат дека се повикани, но уште не сум разговарал со ниеден од нив“, им рекол Бајден на новинарите.

Претходно американската агенција АП објави, повикувајќи се на неименувани официјални лица, дека американскиот претседател ги повикал Владимир Путин и Си Џинпинг на преговори за климата.

На Самитот, според списокот од Белата куќа, се повикани и премиерот на Велика Британија, лидерите на Индија, Турција, Јапонија и други.

Состанокот ќе биде во он-лајн формат.