Според информации на ТАСС, преговорите треба да се одржат на територијата на Белорусија, во западната област на Бјаловешката шума.
Од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа соопштија дека е малку веројатно оти украинската и руската делегација ќе се состанат на преговорите планирани за денеска ќе се сретнат.
„Тие најверојатно нема да се сретнат во среда. Можно е тоа да биде одложено за неколку дена, во контакт сме со преговарачките тимови“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, пренесува Ројтерс.
Првата рунда преговори се одржа во понеделникот.