Бензема го нокаутираше Челзи

LinkSense.mk

Фудбалерите на Реал со победа го завршија првиот настап во овогодинешното четвртфинале во Лигата на шампионите. „Кралевите“ среде Лондон ја наполнија мрежата на Челзи, до 1:3 дпјдоа на крилата на извонредниот Карим Бензема.

Се играше 20. минута од натпреварот на „Стемфорд Бриџ“, кога Бензема по одличниот центаршут на Винисиус Јуниор неочекувано, со глава и откосо, од повеќе од десет метри се обиде да постигне гол. Тој негов фантастичен удар беше премногу за голманот на лондонските „сини“, Менди, кој можеше само да ја испрати со поглед топката во мрежата – 0:1.

Само четири минути подоцна Бензема повторно беше стрелец. Сепак, голема заслуга има Лука Модриќ, кој одлично го проигра од десно крило, а францускиот репрезентативец уште еднаш со глава изведе мајсторија – истрча налево, скокна, а потоа со глава ја испрати топката десно, и тоа неодбранливо, за 2:0.

Но, Французинот не застана тука.

Откако Хаверц, исто така, со глава успеа да ја преполови разликата на Челзи со гол во 40-та минута, Бензема го даде својот трет гол веднаш штом започна второто полувреме.

Сините“, имено, беа во напад, а тогаш одбраната на Реал длабоко на половината на домаќинот ја „исфрли“ топката. Голманот на лондонскиот клуб, Едурард Менди, реагираше очајно, а неговата грешка на околу 35 метри од голот – Бензема ја искористи тој подарок да го претвори во 1:3.