Бензините со повисока цени за половина денар, дизелот непроменет

– Цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР98 се зголемуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло задомаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 67 денари залитар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69 ден/лит.

Според одлуката на Регулаторната комисија, дизелот и понатаму ќе сепродава по цена од 62 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра леснотомасло за домаќинство ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намалува за 0,122 ден/кг и во следните седум дена тојќе се продава по цена од 32,832 ден/кг.

Зголемувањето на бензините, како што се наведува во одлуката на Регулаторната комисија, се должи на покачувањето на цената нанафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.