Бејли: Кога се гласаа уставните измени не бев во Собрание

LinkSense.mk

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, изјави дека за време на гласањето за почеток на уставните измени не бил во собраниската зграда.

„Јас тој ден бев во мојата канцеларија, учествував на настан организиран од амбасадата вечерта, и како и повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба, изјавил Бејли за Телевизија 21.

„Јасно е дека се апсурдни обвиненијата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание, тоа е апсурдно. Како што изјавивме, ние го поздравивме гласањето во Собранието на Македонија за иницирање на уставни измени и спроведување на Преспанскиот договор, рече Џес Бејли.