Бејл донира повеќе од 1 милион евра за болниците во Шпанија и Велс

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Гарет Бејл донираше повеќе од 1 милион евра на две здравствени установи во неговата родна земја Велс и Шпанија.

Крилото пресе 500.000 фунти (615 000 долари) на Националниот институт за здравство во Велс и 500.000 евра во болници во Мадрид.

Во видеото објавено на веб-страницата „Кардиф и Велс черити“, фудбалерот му се заблагодарува на целиот тим за континуираната работа и пожртвуваност во борбата против вирусот КОВИД-19.

„Болницата на Универзитетот во Велс има посебно место во моето срце како институција. Ова е местото каде што сум роден, тука сме добиле огромна поддршка, како јас, така и моите пријатели, моето блиско опкружување и семејството. Затоа сакам да ја изразам својата поддршка за нив на некој начин“, вели Бејл.

Болницата исто така изрази благодарност до sвездата на Реал (Мадрид) за неговата финансиска поддршка и неговата сопруга Ема.

Во шпанската престолнина, парите биле префрлени во добротворна организација што ќе ги пренесе на разни установи.