Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битиќи за МИА: Пругата со Бугарија мора да профункционира час поскоро
Македонија

Битиќи за МИА: Пругата со Бугарија мора да профункционира час поскоро

декември 24, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисиите за економија и за инфраструктура што ги предлага бугарскиот премиер Кирил Петков се важни за да се унапреди економската соработка, оценува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во предновогодишното интервју за МИА.

„Склон сум да кажувам дека соработката треба да доаѓа на природен начин, но кога тоа не е возможно, тогаш мора да креираш одредени тела кои мора да дадат јасна зададена агенда. Ние искрено се обидуваме да покажеме дека сме отворени за соработка, не само со Република Бугарија, туку и со секоја соседна земја, затоа што силно веруваме во принципот на регионална конкурентност. Колку повеќе соработуваме, толку повеќе добробит за нашите граѓани, вели вицепремиерот Битиќи.

Најдобар пример за тоа, според него, е Преспанскиот договор, со кој, не само билатералните, туку и економските односи со соседна Грција, ги даваат првите резултати, како што се изградбата на интерконекторот, терминалот Александруполис и гасната електрана.

Во видео интервјуто, што во целост ќе биде објавено утре, вицепремиерот Битиќи порачува дека и за Северна Македонија и за Бугарија е важно железничката инфраструктура да профункционира час поскоро.

„Без разлика што во овој период добивме на двапати вето од Република Бугарија, ние продолживме со напорите за подобрување на патната и железничката инфраструктура кон нашиот сосед. Само што заврши тендерот и моето очекување е дека веќе во март ќе ги воведеме во работа компаниите за продолжување на железничкиот коридор кон Бугарија и некаде во јуни ќе биде објавен тендерот за третата фаза со што финално го заокружуваме Коридорот 8 кон Република Бугарија. Според проекциите, би требало да заврши до 2025 година наспроти бугарските планови кои велат дека до 2027 година би требало да биде завршена железницата. Комисијата треба да го усогласи тоа, затоа што ниту за Република Бугарија, ниту за нас, е добро железницата да заживее во 2027 година. Треба да седнеме и да направиме напори час поскоро тоа да го имаме. Затоа сметам дека комисиите ќе бидат битни за да ја дефинираат јасната агенда, за да ги елиминираат евентуалните законски пречки, ако ги има, за компаниите и стопанствениците да соработуваат. Од друга страна зошто да не креираме и законски можности со кои ќе се унапреди соработката на компаниите и инвестициите взаемно – бугарски инвестиции во Северна Македонија и македонски инвестиции во Бугарија“, истакнува Битиќи.

актуелно бугарија Грција македонија Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.