Битиќи, Николовски и Бектеши во Солун на тркалезна маса за енергетска соработка и средби со грчки компании

– Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска во Солун ќе учествуваат на тркалезна маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка“, што ја организираат Федерацијата на индустрии на Северна Грција.

На тркалезната маса ќе учествуваат и државниот секретар на САД, Мајкл Помпео и министерот за развој, конкурентност, инфраструктура, транспорт и врски на Грција, Костис Хаѕидакис.

Предвидено е владина делегација да го посети и ИКТ технолошкиот парк во Солун и да има средби со неколку грчки компаниии, соопшти владината прес-служба.