Битиќи: Со „српските картички“ нема да се дестимулира домашниот туризам

„Не сметам дека со електронските картични за српските туристи низ патарините ќе се дестимулира домашниот туризам. Секако тоа се предвидени трошоци“, изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Сумата која што била одредена била дадена од Јавното претпријатие за државни патишта, кое стопанисува со патарините.

Повикувајќи се на анализите од претходните години за бројот на посетители со српски регистарски таблици на граничните премини и на патарините, од Јавното претпријатие очекуваат помал прилив на пари на нивната сметка, во износ од три милиони евра.

„Во суштина, тоа не се пари за картички. Тоа е надомест на тоа што ќе се изгуби како приход во ЈП за државни патишта. Тие средства одат на одржување на јавните патишта во државата, на нови инвестиции“, истакна Битиќи.