Битолчанец избегал од регионалниот ковид-центар, а потоа починал од Ковид-19

Битолчанецот М.А. (35 г.) хоспитализиран во Клиничка болница-Битола самоволно избегал од инфективното одделение каде се лекувал од инфекција предизвикана од
Ковид-19, а по неколку часа откако бил вратен во болницата починал.

Настанот се случил вчера попладне откако М.А. избегал од болницата, по пријава на надлежните служби и со интервенција на полицијата бил пронајден дома, и со служба за итна медицинска помош бил вратен на лекување.

„Пациентот, позитивен на Ковид-19 во болницата беше вратен со возило на итната медцинска помош, но во тешка здравствена состојба,неконтактибилен, со немерлива сатурација и изразена цијаноза. И покрај преземените мерки за реанимација во 18:45 часот пациентот почина со клиничка слика на тешка кардиоресприраторна инсуфициенција“, појаснуваат здравствените власти и потврдуваат дека во текот на ноќта на инфективното одделение во Битола освен 35-годишниот битолчанец, од Ковид-19 почнале и други две лица на 55 и 73 години.