Блинкен повика на брз влез на Северна Македонија во ЕУ

LinkSense.mk

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен разговараше со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, јавија синоќа од американскиот Стејт департмент.

Секретарот Блинкен му честиташе на премиерот Ковачевски за новата функција и формирањето на новиот Кабинет.

Државниот секретар Блинкен ѝ се заблагодарил на Северна Македонија за нејзината непоколеблива и цврста поддршка за Украина во време на континуирана брутална агресивна војна на претседателот Путин, изјави порттпаролот Нед Прајс

Блинкен, исто така, ја нагласил силната поддршка на САД за брз влез на Северна Македонија во Европската Унија, се вели во изјавата.

Портпаролот Прајс рече дека Блинкен лично му се заблагодарил на премиерот Ковачевски за посветеноста на Северна Македонија кон НАТО, како најнова членка, како и за прифаќањето на авганистанските евакуирани бегалци.

Блинкен истакнал дека САД очекуваат понатамошна блиска соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за промоција на стабилноста и демократијата во регионот.