Богданци доби ѕиден мурал за Меѓународниот ден на растението

На еден од ѕидовите во градскиот парк, Богданци по повод денешниот Меѓународен ден на растението, доби ѕиден мурал што го изработија уметниците Ана Дамчевска Семенпеева и Виктор Семенпеев, во рамки на проектот за зачувување на ендемичните растенија во нашата земја.

– По повод денот на растението, муралот е изработен како дел од активностите за промовирање на Богданци како значајно подрачје за диворастечки растенија и единствено место во земјава каде што вирее растението Меурест козинец (Astragalus phusocalux), велат уметниците.

Реткото растението се наоѓа на националната црвената листа со статус загрозен вид, посочија од општината, и редовно се набљудува изминативе четири години, со цел да се дознае повеќе за неговата екологија, биологија, бројност и стабилност на неговата популација.

Редовниот мониторинг го врши здружението ПОЛИМАТ 13 во соработка со Македонското еколошко друштво.