Боинг 737 се урна во јужна Кина

LinkSense.mk

Авион Боинг 737 со повеќе од 130 патници се урна во јужна Кина.

Според досегашните информации, авионот на летот МУ735 на Кина Истерн ерлајнс летал од Кунминг за Гуангжу.

Локалните медиуми пишуваат дека во авионот имало 133 патници, но засега не се знае дали има жртви.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа густ чад во планините на местото каде што наводно се урнал авионот