Болниците во Њу Делхи остануваат без кислород

Шест болници во главниот град на Индија, Њу Делхи, останаа без кислород, а лекарите велат дека другите болници имаат кислород за уште само неколку часа.

Многу луѓе починале додека чекале кислород, а над 99 проценти од сите кревети на интензивна нега се зафатени.

Индија е во екот на нов бран на пандемијата на коронавирусот и регистрира најмногу новозаразени за еден ден во светот.

Во последните 24 часа се регистрирани 314.835 нови случаи на коронавирус, додека смртните случаи се зголемени за 2.104.