Бомбашки напад во Пакистан, над 130 загинати

LinkSense.mk

Повеќе од 130 луѓе загинаа во експлозија на бомба во Пакистан, во Мастунга, град на југозападот на покраината Белуџистан, во близина на местото каде што се одржувал предизборниот митинг на Саираџ Раисани, којшто се кандидира за пратеник во покраиснкиот парламент.

Раисани е тешко повреден и се бори за живот.

Високо позиционираниот политички претставник Каим Лашари за Ројтерс изјави дека бомбашот го нападнал конвојот на Раисани.

Одговорноста за нападот ја превзеде Исламска држава, а тоа го потврди преку својата новинска агенција Амак.