Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Борел: Ќе разговараме за санкции кон Иран и кон насилните еврејски доселеници
Европа

Борел: Ќе разговараме за санкции кон Иран и кон насилните еврејски доселеници

април 22, 2024Updated:април 22, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На денешната средба во рамките за состојбата на Блискиот Исток ќе разговараме за пакет санкции за Иран за што треба да се согласат сите земји членки, бидејќи за нивно воведување е потребен консензус, најави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург.

– Ќе разговараме за воведување санкции за иранските програми за производство на проектили и дронови, рече Борел, додавајќи дека засега „на маса не се“ рестриктивни мерки поврзани со нуклеарната програма на Иран.

Тој најави дека министрите ќе разговараат и за состојбата во Газа, која, како што рече, постојано се влошува и има нови бомбардирања со цивилни жртви. Од друга страна, според него, растат тензиите и на Западниот Брег, па ЕУ „ќе мора да разгледа“ и нови санкции за насилните еврејски доселеници, откако минатата недела воведе мал пакет.

Во однос на најавите за барање за преразгледување на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, Борел истакна дека немало идеја за преразгледување, туку да се види „ако има нешто што би можело да се смета дека има ефекти врз договорот“.

– Значи има едно АКО и едно БИ МОЖЕЛО. Повикав на дебата за политичката ориентација на Советот за асоцијација со нашите израелски партнери, но повикот беше одбиен. Дадов предлог да се повика министерот за надворешни работи на Израел да дојде со Советот за надворешни работи, поканата е испратена, но немаме договор за средба, рече Борел. Запрашан „Од кого е одбиен?“, Борел кусо одговори: „Од мнозинството во Советот“.

Тој додаде и дека е побарано од Израел да не почнува офанзива во Рафа со цел да се избегнат цивилни жртви, бидејќи, како што рече, во случај на напад би можеле да бидат масакрирани околу еден милион луѓе, додавајќи дека лично тој и земјите членки инсистираат да не се случи нешто такво, но дека одлуката тоа не е во нивна надлежност.

Кога станува збор за Украина, според Борел, ЕУ работи секојдневно на изнаоѓање начини да и се помогне на земјата и да се задоволат нејзините потреби.

– Секојдневно и помагаме на Украина. А денеска е ден кога земјите членки ќе видат што можат да направат, кои се потребите на Украинците и ќе дадат предлози, рече Борел.

Тој нагласи дека ЕУ постојано разговара со земјите членки за зголемување на испораките на воена помош, вклучително и средства за противвоздушна одбрана за Украина.

– Мораме за разговараме за капацитетите на земјите членки на ЕУ за зголемување на поддршката за Украина, изјави Борел, додавајќи дека на Украина и е потребна муниција и лансирни рампи, кои, како што рече, без проектили се како топови без гранати.

Според него, ќе треба да се види што од ова може да обезбедат земјите членки, бидејќи, како што рече, ЕУ не располага со оружје и воена опрема.

Борел додаде дека покрај за состојбите во поширокиот регион на Блискиот Исток и во Украина, на средбата министрите ќе разговараат и за случувањата во Судан.

– Тоа е војна која е речиси заборавена од сите, а е една од најсмртоносните војни на денешницата, додаде Борел при пристигнувањето на заседанието на Советот за надворешни работи Унијата, кое ќе започне со размена на мислења на министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на ЕУ за состојбата во Украина со нивните украински колеги Дмитро Кулеба и Рустем Умеров преку видео конференциска врска.

актуелно Борел доселеници Иран санкции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.