Борис Џонсон стравува: Третиот бран од Ковид доаѓа кон Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека третиот бран од заразувањето со Ковид со кој е зафатена Европа, би можел да се прелее и на Велика Британија.

Претходното искуство не научи дека кога бранот ќе ги погоди нашите пријатели, тоа ќе дојде и на островот, и очекувам дека со време ќе ги почувствуваме тие ефекти“, им рече Џонсон на новинарите, пренесува Ројтерс.

Запрашан за ризикот по британската програма за вакцинирање после заканата на Европскара унија од забрана за извоз на вакцини на Велика Британија, Џонсон вели дека смета оти тоа нема да се случи.

Уверуван сум низ разговори со партнерите од Унијата во текот на последните неколку месеци дека нема да има блокади. Мислам дека тоа е многу важно“, посочил британскиот премиер и додал дека Британија ќе продолжи со својата програма на вакцинирање.