Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл

ноември 5, 2026

Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги

ноември 5, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бошњаковски: Владата ќе следи и ќе реагира на лажните вести на социјалните мрежи за молкот
Во Фокусот

Бошњаковски: Владата ќе следи и ќе реагира на лажните вести на социјалните мрежи за молкот

септември 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата за време на молкот пред референдумското изјаснување на 30 септември ќе ги следи информациите што се пласираат на социјалните мрежи и доколку утврди дека тие претставуваат лажни информации и пропаганда, на своите официјалните комуникациски канали на социланите мрежи ќе соопшти дека се неточни  со цел да спречи да влијаат манипулативно врз граѓаните.

Владиниот портпарол на денешната прес-конференција, укажа на искуството кое, како што рече, покажа, особено за време на јавната кампања, нагласено присуство и ширење на лажни вести, дезинформации и говор на омраза, како и креирање на вести врз основа на полуинформации, што, вели, претставува длабоко поткопување на демократските процеси во државата, ширење на дискриминација и омраза на штета токму на граѓаните, како и дискредитација на институциите.

Тој посочи дека Владата во согласност со принципот за добро владеење и во насока на тоа дека е засегната страна во процесот на референдумот, ќе го почитува предреферендумскиот молк и ќе се воздржи од активности кои имаат поврзаност со референдумот и со изјаснувањето на граѓаните во наредните 48 часа почнувајќи од полноќ.

„Согласно препораките на Советот на Европа, ОБСЕ и други меѓународни организации со цел обезбедување заштита на слободата на изразувањето и за сузбивање на лажните вести и пропаганда сакаме да укажеме дека Владата е целосно свесна дека просторот на социјалните медиуми е изложен на креирање на лажни вести и дезинформации со цел обид за манипулација на граѓаните на РМ. Имајќи ја предвид штетата врз јавниот интерес која може да настане од лажна пропаганда во текот на референдумскиот молк, Владата најавува дека нема да дозволи граѓаните да бидат изложени на лажни вести. Ќе ги проверува фактите и ќе ги презентираме како Влада пред граѓаните на РМ, рече Бошњаковски.

Додаде, дека во текот на референдумскиот молк секоја објава која ќе биде детектирана дека е лажна или е дезинформација или, пак, е полувистина ќе биде на почетокот соодветно идентификувана и ќе биде објавено дека истата е неточна на официјалните комуникациски канали на Владата: на твитер профилот @portparolnavrm, како и на официјалната фејсбук-страница на Владата, рече портпаролот Бошњаковски.

Тој упати апел и до граѓаните сите вести и информации за време на молкот да ги примаат со посебно внимание, да обрнат внимание на изворите од каде доаѓаат информациите и да прават проверка на секоја вест која им изгледа невообичаена и сензационалистички.

актуелно Влада на РМ Европа ОБСЕ социјални мрежи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл

ноември 5, 2026

Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги

ноември 5, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.