Брајан Адамс доаѓа во Скопје

По Стинг, Лени Кравиц и Ерос Рамацоти, во Скопје доаѓа и еден од најголемите мејнстрим-артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови Брајан Адамс.

На 13 ноември во Скопје прв пат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

Брајан Адамс доаѓа во Скопје во рамките на големата светска турнеја „Shine a light“, наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени низ светот.

Влезниците за концертот што ќе се одржи во „Вип арена“ ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10 јуни, информираат од „Авалон продукција“.