Брижит Макрон открива: Меланија Трамп живее како во затвор

LinkSense.mk

Речиси сите жени на светот сонуваат барем на момент да се заменат со Меланија Трамп. Можеби не толку заради Доналд Трамп, колку што сакаат да го почивствуваат животот во Белата куќа. Иако на прв поглед се делува совршено и гламурозно, првата дама на Франција, Брижит Макрон, им откри на новинарите дека „не е злато се што сјае“, и дека Белата куќа е како некој затвор во кој страда и најубавата прва жена на светот меланија Трамп.

Според кажувањето на Брижит Макрон за „Ле Монде“, животот на Меланија е прилично ограничен, што таа го гледа како причина зошто Словенката е толку ладна во јавноста.

„Таа не може ништо. Не може ниту прозорец да отвори во Белата куќа. Не може да излезе надвор. Многу е поограничена од мене. Јас секој ден можам да зилезам во Париз, а тоа таа не го може таму“, изјавила Макрон и додала дека тоа не се единствените рестрикции со кои се соочува Меланија.

Брижит открила дека сопругата на Трамп не смее да каже, ниту да направи тоа што го сака, затоа што медиумите ја следат во чекор, ја снимаат и пренесуваат се што прави.

„Се се проучува и тоа претерано. Таа е силна личност, сето тоа успева да го сокрие. Често се смее и ништо не покажува во јавноста“, додала Французинката и открива каква е Меланија приватно.

„Приватно таа е мила, шармантна, интелигентна, многу отворена и впрочем многу забавна“, посочила Брижит.

Сопругата на Макрон во интервјуто истакнала и тоа дека таа и Меланија имаат многу нешто заедничко. Вели дека имаат слична смисла за хумор и дека првата дама на Америка течно зборува француски и дека многу разговарале за време на нејзината неодамнешна посета на Вашингтон.