Британија бележи се помалку заболени од корона

Првиот ден од јуни во Велика Британија беше ден во кој, од март лани до сега, немаше смртни случаи меѓу пациентите кои се позитивно тестирани пред 28 денови.

И бројот на заразени во последните 24 часа е помал отколку еден ден пред тоа – 3.165 во споредба со 3.383 колку што беа потврдени во понеделникот, пренесе Би-Би-Си.

Овие податоци се објавени во моментите на растечката загриженост заради малиот пораст на инфицирани со индиската варијанта на корона.

Министерот за здравство, Мет Хенок, изјави дека „нацијата ќе биде задоволна“ кога ќе дознае за овие податоци и порача дека е јасно дека вакцинацијата дава резултати.

(Фото: АП)