Британија: Војната влезе во нова, поинаква фаза

LinkSense.mk

Војната во Украина влезе во „нова, поинаква фаза“, изјави британската министерка за надворешни работи, Лиз Трус, по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Трус истакна дека сега сме сведоци на „поконцентрирана руска офанзива“, а НАТО се согласи на Украина да и испрати „ново и потешко оружје“ за да се спротивстави на руската инвазија.

Путин ја смени тактиката, но не и плановите. Се уште сака да ја освои цела Украина“, изјави Трус по состанокот.

Претходно таа рече дека Британија ќе го „засили“ испраќањето оружје во Украина, но не сакаше да открие какво оружје и во колкаво количество.