Британија испраќа милиони дополнителни дози вакцини на земјите во развој

LinkSense.mk

Велика Британија ќе испрати 20 милиони дози вакцини против ковид-19 на земјите во развој до крајот на годината, а премиерот Борис Џонсон треба да ги поттикне другите светски лидери дека тоа е преку потребен чекор за да се забрза заздравувањето на економијата после пандемијата.

Џонсон се надева дека на состанокот на лидерите на групата Г20 ќе се постигне напредок во правењето цврсти обврски во поглед на намалувањето на штетните емисии на гасови.

Но, британскиот премиер смета дека поддршка треба да се добие и од земјите во развој, од кои некои веќе чувствуваат разорно влијание на глобалното затоплување и се борат да ги вакцинираат своите жители против корона вирусот додека западните земји ја предводат таа трка.

На состанокот на лидерите на седумте најразвиени држави во светот оваа година, Британија вети барем 100 милиони дози вакцини во рамки на настојувањето на Г7 да осигураат една милијарда вакцини, шема што критичарите ја оценија како пребавна и неамбициозна.

Британија соопшти дека доставила 10 милиони дози вакцини „АстраЗенека“ во Ковакс, системот за делење на вакцини, и дека во следните неколку недели ќе испрати уште 10 милиони дози, а дека до крајот на годинава таа бројка ќе се искачи на 30,6 милиони.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)