Бројот на случаи на ковид во светот надмина 350 милиони

LinkSense.mk

Вкупниот број на потврдени случаи со ковид-19 во светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати е поголем од 5,6 милиони, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Според овој извештај, до денеска во светот се регистрирани дури 352.796.704 случаи на инфицирани со корона вирус и 5.600.434 смртни случаи поврзани со оваа болест. Бројот на потврдени случаи во текот на изминатиот ден е зголемен за 2.158.785, додека бројот на починати е зголемен за 6.189.

Најголем број новозаразени во светот во еден ден од почетокот на пандемијата е забележан на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се регистрирани 4.041.420 случаи на ковид-19, а границата од 300 милиони случаи била надмината на 8 јануари.

Најмногу случаи на корона вирус пријави Америка (70.153.597), потоа Индија (39.799.202), па следат Бразил (24.044.255), Франција (16.347.127) и Велика Британија (15.953.689).

По бројот на смртни случаи од корона предничи Америка. Таму животот го загубиле 860.113 лица, по неа се Бразил со регистрирани 623.097 починати, Индија со 490.462, Русија со 327.448 и Мексико со 303.183.