Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БРО за медиумските објави за новите наставни програми: Се пласираат погрешни информации
Градови

БРО за медиумските објави за новите наставни програми: Се пласираат погрешни информации

август 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По објавите во некои медиуми дека според новите наставни програми за основно образование децата во второ одделение ќе учат за идентитети, Бирото за развој на образованието (БРО), кое деновиве ги објави наставните програми за второ и петто одделение, реагира дека се пласираат погрешни информации. Од БРО велат дека фокусот се става на националните стандарди наместо на резултатите од учење конкретизирани преку стандардите за оценување во секоја одделна наставна програма.

– Националните стандарди се состојат од знаења, вештини и ставови, односно вредности базирани на осум подрачја на клучни компетенции за доживотно учење кои учениците треба да ги стекнат до крајот на основното образование. Во процесот на образованието, секој наставен предмет во секое одделение, како и воннаставните активности во училиштето, учествува, согласно возраста на учениците и спецификите на наставниот предмет, во стекнување на тие компетенции. Во секоја наставна програма од конкретен предмет прецизно е наведено што ученикот/ученичката треба да научи по тој предмет во даденото одделение. Тоа се гледа преку резултатите од учење и стандардите за оценување наведени во наставната програма, посочува Бирото.

Доколку се погледнат наставните програми за второ одделение, појаснуваат од БРО, во стандардите за оценување и понудените активности најдиректно може да се препознаат трите водечки принципи на новата Концепција: принципот на родова сензитивност/рамноправност, принципот на инклузивност и принципот на интеркултурност.

– Така на пример, во наставната програма по Општество за второ одделение (страници 6-10) наведен е следниот резултат од учење: „Ученикот/ученичката ќе развива свест за почитување на различности врз основа на пол, јазик и можности“, кој се очекува да биде постигнат преку конкретни стандарди за оценување (пр.: „Препознава ситуации на нееднакво постигнување со момчиња и девојчиња во училиште.“ и „Наведува примери за почитување и непочитување на разликите во различни контексти.“) и серија од понудени активности прилагодени на возраста на учениците, кои овозможуваат самите ученици да изведат заклучоци во врска со родовата рамноправност, укажува БРО.

Бирото заедно со МОН апелира да не се прифаќаат и шират лажни вести кои, како што додава – „се дел од секојдневието во нашата држава“ и повикува „сите заинтересирани страни да побараат релевантни информации од стручните тимови на надлежните институции наместо самите да толкуваат или пренесуваат статуси од социјалните мрежи“.

– Токму затоа, една од носечките цели на новите наставни програми и наставните методи е да ги научат учениците од рана возраст критички да размислуваат кога примаат и обработуваат информации, наместо да веруваат во секоја информација која ќе ја слушнат, без оглед на тоа дали е добронамерно или злонамерно пласирана. На тој начин, основното образование ќе овозможи идните возрасни граѓани да бидат поотпорни на политички или друг вид манипулации, велат од Биро за развој на образованието.

актуелно БРО наставни програми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.