Бугарија: Премиер Јанев нареди испраќање помош за Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република Северна Македонија за справување со пожарите, објави денеска прес-службата на владиниот кабинет.

Бугарија ќе ја поддржи РСМ преку механизмот за взаемна помош, а за гаснење на катастрофата во Кочани и Делчево, бугарската Влада планира да испрати 25 пожарникари, три противпожарни возила и уште две амбулантни возила.

Во телефонски разговор со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, премиерот Стефан Јанев вчера кажа дека Бугарија е подготвена да им помогне на своите соседи со потребната поддршка за гаснење на пожарите, потсетува прес-службата на бугарската Влада во соопштението до медиумите.