Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВАЖЕН ДОГОВОР: Америка најде нов голем сојузник – Индија
СВЕТ

ВАЖЕН ДОГОВОР: Америка најде нов голем сојузник – Индија

јуни 27, 2023Updated:јуни 27, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Црн облак на судири се надвисна над Индо-Пацификот, а стабилноста на регионот стана наша единствена мотивација кога се договоривме за нови стратешки партнерства“, рече индискиот премиер, Нарендра Моди, во говорот одржан пред претставници на американскиот Конгрес, за време на овонеделната државна посета на Америка, со која ги овековечија промените во билатералните односи на двете земји.

Моди, меѓу редови, навести дека на последната билатерална средба меѓу Америка и Индија имало уште еден незабележлив гостин; Кина. Кси Џинпинг не седна во фотелјата во Овалната соба, ниту, пак, се појави на државната вечера, но јасно е како ден дека постојано беше во мислите на сите гости.

Џо Бајден ја гледа Индија како клучен партнер во промовирањето на демократскиот глобален поредок, кој Кина и Русија сакаат да го променат.

Моди, пак, ја гледа Америка како логистичка и финансиска поддршка во технолошката (но и одбранбената) трка која потајно ја води со Кина.

Иако индиските власти се крајно мотивирани по секоја цена формално да ја задржат политиката на неутралност (особено во контекст на војната во Украина), повикувајќи се на Движењето на неврзаните и улогата што ја имале во неговото основање за време на Студената војна, се поголем број Индијци со отворен ум се за идејата за подобрување на соработката со Америка во областа на технологијата и одбраната.

„Во Студената војна, Индија можеби можеше да си дозволи да биде неврзана, но само затоа што со ниту една од ‘завојуваните’ страни немаше отворени територијални прашања“, рече за „Фајнеченел Тајмс“, Танви Мадан, експертка за Индија во вашингтонскиот Институт „Брукингс“, додавајќи дека тоа нема да биде можно со Кина поради граничниот спор на Хималаите.

Да потсетиме, во 2020 година дојде до ескалација на тензиите во провинцијата Ладак, а животот го загубија повеќе од 20 индиски војници.

Кинеските сили тогаш, де факто, го анектираа регионот, поради што Њу Делхи јасно стави до знаење дека нема да ги нормализира билатералните односи со Пекинг додека на границата не се врати статус кво состојбата.

Меѓусоседските судири во меѓувреме продолжуваат да зовриваат.

Официјален Пекинг оваа година ја укина акредитацијата на дури три од четири индиски дописници во Кина, со што повеќето индиски медиуми останаа без новинари во таа земја.

Комунистичката партија тврди дека „биле принудени да преземат таква радикална мерка, затоа што Индија постојано ги дискриминира нивните дописници во Њу Делхи и не сака да ги продолжи работните визи на кинеските репортери“.

Индија оваа година ја „престигна“ Кина по бројот на население, но зад неа сепак сеуште подзастанува во доменот на производство и технологија, особено во вештачката интелигенција.

Се надева дека со помош на Америка би можела да ги подобри своите перспективи, како и капацитетите, возврат нудејќи им евтина работна сила.

„Кога последен пат го посетив Конгресот, во 2016 година, Индија беше дури десетта економија во светот.Денеска е веќе петта, а се предвидува дека во скоро време ќе скокне на третото место на глобална сцена“, рече Моди во својот говор пред Конгрес.

„Соработката во областа на одбраната неодамна ни беше мисловна именка, но Америка стана наш клучен одбранбен партнер“, истакна тој.

Имено, Индија во последните години има зачестени воени вежби со Америка, а во 2022 година вежби беа организирани и во сојузната држава Утаракханд, на северот на земјата,поточно на границата со Кина, што Пекинг своевремено го протолкува како провокација.

Но, тука доаѓаме до една мала пречка во ренесансата на индо-американските билатерални односи – до Русија.

Индија е една од земјите кои не сакаа да се воведат санкции кон Москва, после почетокот на војната во Украина, и останаа лојален и клучен купувач на руските енергенси.

Моди во своите говори постојано повикува на потреба за што е можно поитно воспоставување мир во Украина, и не ја преминува „црвената линија“ да ја обвини Русија дека е иницијатор на непотребно крвопролевање.

Меѓутоа, дури и во тој контекст има простор за соработка – во набавката на оружје.

Според некои извештаи од март годинава, индиската одбрана од Русија набавила дури 62 отсто од оружјето.

Меѓутоа, поради војната во Украина и нејзините сопствени потреби, Русија на Индија нема да може да и го испорача ветеното количество оружје во договорениот рок, што ги фрустрира индиските законодавци кои бараат други извори за вооружување.

Особено затоа што соседна Кина во последните месеци сè помалку ги крие своите територијални апетити во регионот.

„Односот меѓу Русија и Индија веќе некое време е под голем притисок, а станува и сè појасно дека овој вид партнерство нема да биде одржлив по сето она што се случува во Украина“, изјави за Си-Ен-Ен, Харш Пант, од Фондацијата „Обсервер“.

Американскиот Стејт департмент уште минатиот септември потврди дека се во „сериозни“ преговори со индиските власти поради нивната зависност од руското оружје.

Администрацијата на Бајден со месеци се обидува да им докаже дека Русија повеќе не е доверлив партнер и им нуди се нуди себе си како алтернатива, со надеж дека ќе успее да го доближи Њу Делхи до западната сфера на влијание.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Њујорк Тајмс“)

актуелно Америка Вашингтон војна индија Кина Москва Њу Делхи пекинг русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.