Вархеји: Денешната конференција е заслужено признание за вашата земја

LinkSense.mk

Гласањето во саботата во Собранието беше решителен чекор и дкоаз за вашата одлука да продолжите кон патот на ЕУ, но и сведоштво за носење на демократски одлуки во Македонија, изјави во воведното обраќање на првата меѓувладина конференција, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Денешната конференција е заслужено признание за она што вашата земја го постигна изминативе години во унапредувањето на реформите. Макеоднија продолжува да ги исполнува сите услови.

Продолжете со добрата работа во интерните реформи и зацврстувањето на демократските институции, рече еврокомесарот за проширување Вархеји.