„Вашингтон пост“: Иран ќе и помогне на Русија да изгради дронови за војна во Украина

LinkSense.mk

Русија постигнала договор со Иран за почеток на производство на стотина беспилотни летала на руска територија, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на разузнавачки информации во кои увид имале американски и други западни безбедносни агенции.

Пост наведе дека руските и иранските власти го финализирале договорот за време на состанокот во Иран на почетокот на ноември.

Русија и Иран забрзано се движат кон размена на технички нацрти и клучни компоненти кои би можеле да овозможат почеток на производството во рок од неколку месеци, изјавиле тројца официјални претставници запознаени со ова прашање.

Руското Министерство за одбрана не одговорило на барањето за коментар.