Вајда повторно тренер на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ почна со подготовките за новата сезона, која ќе ја отвори на 2 јануари 2017 година во Доха.

Главен тренер ќе му биде Словакот Марјан Вајда кој веќе подолго време е во стручниот штаб на српскиот тенисер, со што е ставена точка на шпекулациите за тоа кој ќе го наследи Борис Бекер.

Вториот рекет на светот тренира во Монте Карло, а на Фејсбук профилот постави фотографија со членовите на тимот на која покрај него и неговата сопруга Јелена, се Марјан Вајда, Шпанецот Пепе Имаз, кондициониот тренер,
физиотерапевтот Миљан Амановиќ и неговиот брат Марко Ѓоковиќ.

gokovic

Нова година, нови цели, нова енергија! Благодарен сум и се радувам на новите предизвици. Поздрав од тимот на Ѓоковиќ, се гледаме во Доха!, порачува српскиот ас.

Во изминатите неколку месеци Новак бараше наследник на Борис Бекер со кој од крајот на 2013 година освои 25 титули.

Во оптек биле неколку кандидати: Џими Конорс, Амели Морезмо, Брет Гилберт, Штефан Едберг и Ненад Зимоњиќ.

Меѓутоа, на крајот Ѓоковиќ одлучи да остане само со Вајда.

gokovic-4

Словакот стана тренер на Ѓоковиќ во јуни 2006 година кога српскиот тенисер беше 40-ти на АТП листата.

Пет години подоцна Новак со Вајда се проби на лидерската позиција.

gokovic-3

Вајда кој како играч имаше скор од 119 победи и 154 порази, а најдобар пласман му беше 34 место на АТП листата, беше дел од тимот на Ѓоковиќ од првиот грен слем трофеј во Мелбурн, па до последниот, дванаесетиот, на Ролан Гарос, оваа година.