Велес почна соработка со бугарскиот град Бургас

„Општина Велес во изминатиот период оствари повеќе средби со претставници на неколку градови и општини на кои се покрена иницијатива за збратимување. За жал, состојбата со Ковид-19 ги стави во мирување овие активности, но се надевам дека во наредниот период ќе ги продолжуваме, информираше денеска градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференција.

Нагласи дека Велес е отворена општина за продлабочување на односите и културната соработка со сите градови кои ќе посакаат да станат нејзини пријатели.

Општина Велес има потпишано меморандуми за соработка со 25 градови од Турција, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Италија, Франција, Полска и Грција.

Коцевски информираше дека има иницијативи за збратимување со градот Цангџоу од провинцијата Хeбеи во Кина, со Сергиевопосадски округ во Руска Федерација, со Саранда во Албанија, Гнилане од Косово и со Бургас од Бугарија, со кој веќе е почната соработката.