„Велика Британија вечерва на полноќ ќе излезе од Европската унија, 1.317 дена откако Британците на референдум одлучија да ја напуштат ЕУ, и веднаш ќе влезе во 11-месечен период на транзиција.
Во преодниот период, Велика Британија ќе продолжи да ги почитува правилата на ЕУ и да уплаќа пари во буџетот на Унијата, а Брисел и Лондон ќе треба да се договорат какви ќе бидат нивните идни односи.
За време на транзицијата, повеќето работи ќе останат исти, но ќе има и промени.
Сите 73 британски европратеници автоматски ќе ги загубат своите места во Европскиот парламент затоа што Британија ќе ги напушти сите европски институции и агенции.
Сепак, за време на периодот на транзиција, Европскиот суд на правдата се уште ќе го има последниот збор во правните спорови.
Британскиот премиер Борис Џонсон ќе мора да биде посебно поканет доколку сака во иднина да им се придружи на останатите лидери на самити на Советот на ЕУ.
Британските министри исто така нема да присуствуваат на редовните состаноци на ЕУ.
Велика Британија ќе може да почне разговори со земјите низ светот за поставување нови правила за купување и продажба на стоки и услуги, затоа што додека беше членка на ЕУ, не смееше да одржува формални трговски преговори со земји како што се САД и Австралија.
Склучувањето трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ е приоритет, за да не бидат потребни дополнителни трошоци за стоки и да нема други трговски ограничувања ќе заврши периодот на транзиција.
Ако се постигнат некакви трговски договори, тие нема да можат да се применуваат додека не се заврши периодот на транзиција.
Ќе се смени и бојата на британските пасоши, и тие по повеќе од 30 години повторно ќе бидат сини со елементи на златна боја, какви што првпат се користеа во 1921 година.
Меѓутоа, постоечките бордо пасоши и понатаму ќе бидат валидни.
Денеска во оптек ќе влезат околу три милиони соодветни монети од 50 пени со датумот „31 јануари“ и натписот: „Мир, благосостојба и пријателство со сите народи “.
Тимот што ги водеше преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ и подготвиво случај да не биде постигнат договор, ќе биде распуштен на денот наБрегзит. Тимот за претстојните разговори ќе биде сместен во Даунингстрит 10.
Германија нема да екстрадира свои граѓани во Велика Британија, односнонема да биде возможно осомничени сторители на кривични дела да бидатвратени во Велика Британија доколку избегаат во Германија, затоа штоУставот во Германија не дозволува екстрадиција на сопствени граѓанидоколку не се работи за земја членка на ЕУ.
Во преодниот период многу работи ќе останат и исти.
Авионите, бродовите и возовите ќе сообраќаат вообичаено, а и вопериодот на транзиција, државјаните на Велика Британија ќе чекаат воредовите резервирани само за земјите-членки на ЕУ.
Додека не им истече важноста, возачките дозволи и пасошите за домашни
миленици ќе бидат валидни, а ќе важат и европските картички за здравствено осигурување и ќе можат да се користат во која било земјачленка на ЕУ, како и во Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, и ќеважат за време на транзицијата.
Во периодот на транзиција ќе се применува и слободата на движење, такашто државјаните на Велика Британија и понатаму ќе можат да работат и даживеат во ЕУ како и сега. Истото се однесува на државјаните на членкитена Унијата кои сакаат да живеат и работат во Британија.
Државјаните на Велика Британија кои живеат во ЕУ ќе продолжат дадобиваат државна пензија како , а ќе го добиваат и годишнотозголемување.
Велика Британија за време на преодниот период ќе продолжи дапридонесува во буџетот на ЕУ, а трговијата меѓу Велика Британија и ЕУ ќе продолжи без воведување дополнителни трошоци или проверки.







