Видеосесија Ковид-19, прашања и одговори: „Како психолошки да го победиме коронавирусот“ во 18 часот

Преку онлајн стрим во 18:00 часот на видеосесија „Ковид-19, прашања и одговори: Како психолошки да го победиме коронавирусот“, денеска ќе говорат Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија, когнитивно бихевиорален консултант при ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Психијатрија“ и Иво Куновски, Психолог при ЈЗУ „Универзитетска клиника за психијатрија“.

Серијата информативни видеосесии „Ковид-19, прашања и одговори“ се поврзани со актуелната состојба со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19.

Информативните видеосесии опфаќаат одговори на актуелни прашања поврзани со најновите мерки кои ги презема Владата на Република Северна Македонија за справување со последиците од инфекцијата, соопшти владината прес-служба.

На претходната видеосесија „Ковид-19, прашања и одговори“, за новите рестрикции на движењето за граѓаните на ниво на целата територија говореа министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.