(ВИДЕО) Земјотрес од 6,3 по Рихтер ја погоди Хрватска, има материјална штета

Силен земјотрес со интензите од 6,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран во Хрватска во 12.20 часот.

Епицентарот е во близина на Петриње, 45 км југоисточно од Загреб. Во Загреб е предизвикана материјална штета и голем дел од градот е без струја.

Подоцна беа регистирани уште два големи потреси од околу четири степени по Рихтер. Тоа е втор силен земјотрес што го погоди Загреб во оваа година, првиот се случи на 22 март.

Засега нема извештаи за жртви во земјотресот.

Земјотресот беше почувствуван и во во Србија и Босна и Херцеговина – се тресеше во Белград и Бања Лука, Сараево, Краина и Зеница.

 

ИЗВОР: МИА