„Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџијан ерлајнс“ бараат субвенции за нови летови

LinkSense.mk

Три авиокомпании доставија барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од двата аеродрома во Македонија, од аеродромот во Скопје и аеродромот во Охрид.

На повикот што траеше од 20 декември 2022 година до вчера се јавија „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџијан ерлајнс“.

Финансиската поддршка има цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство и формирање поконкурентни и подостапни цени на билетите, што директно подразбира нови дестинации за граѓаните.

Комисијата во која се претставници од неколку државни компании во догледно време ќе направи увид во доставените понуди и ќе донесе решение.

Повик за субвенционирање нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови во согласност со регулативата на Европска Унија.