Вкупно 90 лица го прекршиле полицискиот час, 57 се приведени

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР забраната за движење на ниво на целата држава не ја почитувале 90 лица, при што приведени се 57, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

„Според статистичките податоци на 20 лица им се издадени решенија за изолација, а 241 лица потпишале изјави за самоизолација“, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.