Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Влада: Ја унапредуваме слободата на медиумите, тие се многу значаен фактор во справувањето со коронавирусот
Македонија

Влада: Ја унапредуваме слободата на медиумите, тие се многу значаен фактор во справувањето со коронавирусот

април 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата на Република Северна Македонија ја оценува улогата на медиумите како исклучително важна за време на пандемијата со Ковид-19, за навременото, постојано и веродостојно информирање, а со цел заштита на јавното здравје и здравјето на секој граѓанин во земјата.

„Ја унапредуваме слободата на медиумите, тие се многу значаен фактор
во справувањето со коронавирусот, а Владата останува отворена за секој конструктивен предлог кој доаѓа од професионалните и одговорни медиумски организации“, велат од Владата.

Централна алатка на Владата, за граѓаните да бидат информирани, се
дневните прес-конференции на официјалните институции, кои во зависност од динамиката и развојот на кризата се реализираат најмалку еднаш дневно.

На прес-конференциите главен фокус имаат информациите кои доаѓаат од Министерството за здравство, но и на други министерства кои навремено известуваат за сите важни и сервисни информации за потребите на граѓаните.

Од Владата истакнуваат дека ги прифатиле препораките на Здружението на новинарите на Македонија и на Европската федерација на новинари
(ЕФН), со цел медиумите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста при известувањето за коронавирусот и КОВИД-19, да се придржуваат до етичките правила при своето работење и да не придонесуваат во ширењето невистини.

„Во истата насока би сакале да се заблагодариме на ЗНМ, за заложбите и посветената работа за точно информирање од страна на медиумите и апелите кон медиумите за воздржување од сензационализам и дезинформирање, односно придржување до Етичкиот кодекс при известување за пандемијата“, се вели во соопштението на Владата.

Оттаму информираат дека со интензитетот на пандемијата зачестиле барањата на акредитираните новинари што известуваат за настаните во организација на Владата, како и на нивните редакции, за обезбедување
услови за заштита на новинарите во извршувањето на нивната работа.

„Овие барања се совпадаа со ограничувањата на Владата за физичко групирање па многу бргу беше обезбедена алатката за онлајн видео прес-конференции за што беше распишан повик за акредитација за да се обезбеди можноста за онлајн видео вклучување на пресконференциите во Владата, за време на вонредната состојба. Онлајн видео прес-конференциите беа поздравени од повеќето медиуми, имајќи предвид дека со нив се обезбеди двонасочна комуникација без да има потреба од физичко групирање на медиумските работници“, истакнуваат од Владата.

Можноста за вклучување во живо на онлајн прес-конференции, како и
можноста за обезбедување дозволи за движење за време на полициски
час, Владата ги обезбедила согласно постоечки професионални и независни критериуми

„За таа цел, Владата се водеше според сите постоечки регистри на медиуми во земјата, без оглед дали доаѓаат од регулаторното тело АВМУ или се саморегулирачки како тој на ЗНМ/СЕММ. Во време на вонредна состојба, кога граѓаните се потпираат на информациите од медиумите за да го заштитат сопственото здравје, Владата мора да го штити јавниот интерес и професионалното известување, а нема подобар начин да се следат критериуми и стандарди, од тоа да се земат предвид постоечките регистри на професионални медиуми, кои секако не ги креира Владата“, велат од Владата.

Онлајн прес-конференциите на Владата беа и остануваат на македонски и албански јазик, а во голема мера се запазуваат и толкувачите на знаковниот јазик за лицата со попреченост.

Од Владата соопштуваат дека секој ден пристигнуваат прашања од медиумите кои веднаш или во оптимално време се одговараат и се адресираат до новинарите или редакциите што ги испратиле.

Оттаму потенцираат дека прес-конференциите кои речиси секојдневно се одржуваат во Владата не се и никогаш нема да бидат заменети со снимани емисии.

На прес-конференциите Владата одговара и на прашања од граѓани стигнати на владината имејл адреса.

„Последните две прес-видеосесии, вклучително и посочената „КОВИД-19 – Прашања и одговори: Сè за коронавирусот” се реализираа во живо, не беа снимени и беше овозможено и реализирано вклучување на сите заинтересирани медиуми, при што новинарите им поставуваа прашања на претставниците на медиумите и добива одговори“, истакнуваат од Владата.

Во врска со прес-конференцијата организирана во Куманово при посетата на владините претставници на Општинскиот кризен штаб, од Владата информираат дека таа нема пракса и не се појавува во улога на организатор на прес настани кои се одржуваат во локалните самоуправи.

„Како и при секоја друга посета на општина, така и овој пат, Владата даде препораки и насоки за реализацијата на прес-конференцијата, го најави учеството на владините претставници на прес-конференцијата, но не беше организатор на истата“, велат од Владата.

Општинските служби ја утврдиле локацијата за одржување на прес-конференцијата.

„Во однос на препораки беше препорачано да се изврши дезинфекција на цел простор и говорницата, поставување на микрофони на говорница, замолување на камерманите да се позиционираат на безбедно растојание и сите да носат заштитна опрема. Од нашиот увид на терен, општинските служби имаа преземено активности за запазување на дадените инструкции“, информираат од Владата.

Со цел натамошно подобрување на комуникацијата, од Владата велат дека остануваат отворени за сите предлози на медиумите.

„Владата во своите политики демонстрираше капацитет и слух за секоја конструктивна насока која доаѓа од медиумите и во таа насока ќе се
продолжи“, се вели во владиното соопштение.

„Во оваа прилика сакаме да ја изразиме нашата благодарност до ЗНМ и до сите медиуми и медиумски работници за посветеноста за информирање на населението за подобро справување со коронавирусот“, потенцираат од Владата.

актуелно влада медиуми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.