Владимир Јанковски е добитник на наградата „Роман на годината“

LinkSense.mk

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, вечер ќе му биде врачена на годинашниот лауреат – Владимир Јанковски.

Петчлената жири-комисија со мнозинство гласови го избра романот „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски („Антолог“, 2020) во конкуренција на 40 пристигнати романи.

Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана и од Министерството за култура. Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.