Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Власта укажува на придобивките од пописот, опозицијата и натаму бара одложување
Македонија

Власта укажува на придобивките од пописот, опозицијата и натаму бара одложување

февруари 10, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дебатата во јавноста за најавениот попис продолжи и вчера, институциите со појаснувања на процедурите и придобивките за попишувањето на дијаспората, а опозицијата и натаму со активности за одложување на статистичката операција, откако беше вратена нивната иницијатива за поништување на Законот за попис во Собранието.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски порача дека пописот е исклучиво статистичка операција и оти ДЗС ќе ја спроведе на таков начин, по сите стандарди.

„Свесни сме дека ќе има политички притисоци, но до нас е дали ќе успееме да одолееме. Цврсто сме решени да истраеме во тоа и оваа операција навистина да биде само статистичка“, рече вчера директорот Апостол Симовски, на панел-дискусија посветена на пописот.

На ДЗС, како што рече, е да собере точни и квалитетни податоци и тоа и ќе го направи, а како тие податоци понатаму ќе бидат третирани, потенцира, не зависи од нив.

За разлика од пописите во 2002 и 2011, појасни Симовски, со сегашниот се опфаќааат и нашите граѓани кои се надвор од државата повеќе од една година, бидејќи цениме дека државата има огромен интерес да ја знае бројката државјани кои се надвор од неа, каква е нивната структура по сите основи, кога заминале од државата во кои правци и во кој временски период заминале од државата. Не сум целосно сигурен дека може да се дознае точната бројка, вели Симовски, но овие податоци може да
постават основа за проценка на целокупната бројка.

Тој појасни дека за овие лица се дава можност некој нивен близок да даде податоци, но, како што рече, строго ќе се води сметка кој ги дава податоците и како ги дава. Не случајно, потенцира Симовски, лицето кое ги дава податоците за друг го дава својот матичен број бидејќи ќе сноси одговорност ако се обиде со намера да даде податоци од она што е реалноста.

Пописот, вели е, да се види кои сме, колку сме и какви сме, не само по етничка или верска припадност, туку по сите други карактеристики кои, како што потенцира, се многу поважни.

Неговата иницијатива во пописот да нема белези за етничка и верска припадност, од која под притисок на јавноста и невладините организации се откажале, имала за цел, пред се, да се избегне политизација на овој процес кој, како што рече, треба да е само статистичка операција.

Од Владата, пак, преку соопштение истакнаа дека пописот на дијаспората ќе помогне да се преземат политики и мерки кои ќе ја намалат и спречат миграцијата. Попишувањето на лицата државјани на Република Северна Македонија кои во периодот на спроведување на Пописот 2021 живеат или престојуваат во странство, наведоа од Владата, ќе се врши по пат на самопопишување, односно саморегистрација преку онлајн-апликација мдостапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот од 1 март до 21 април 2021 година.

„Овие граѓани влегуваат во категоријата на население за кои ќе се обезбедат податоци со пописот под името „вкупно нерезидентно население“ и тоа се лицата, државјани на Република Северна Македонија, кои во времето на пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и членовите на нивните домаќинства кои престојуваат со нив“, информираше владината мПрес-служба.

Услов за да се самопопишат, прецизираа, е точниот единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). Начинот на попишувањето на овие лица е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесувам директорот на ДЗС.

За лицата со место на вообичаено живеење во Република Северна Македонија, кои за време на Пописот се отсутни во странство, а не се самопопишале преку веб-апликацијата, попишувањето се врши во нивното последно вообичаено место на живеење во Република Северна Македонија, ако на таа адреса има полнолетен член на домаќинството или друго лице што може да ги даде сите потребни податоци за овие лица.

„Пописот на оваа група граѓани ќе даде информации за човечкиот капитал, бројот и структурата на луѓето кои заминале, нивното образование, возраст, со цел преземање политики и социоекономски мерки кои ќе ја намалат и спречат миграцијата. Овие информации ќе помогнат во планирањето на нови работни места во однос на побарувачката на пазарот на трудот, креирање напредни младински политики и спречување на т.н „одлив на мозоци“, односно заминување на високообучени и квалификувани луѓе“, наведува владината служба за информирање.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук вчера напиша дека „владиното мнозинство не ја примило иницијативата за одложување на пописот под изговор дека не постоела институцијатам Собрание на Република Македонија“.

„Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот“, напиша Мицкоски, а во објавата го сподели и дописот од Собранието.

Претходно во изјава за медиумите Мицкоски рече дека доколку Владата, сепак реши да предложи одложување на пописот, за нив идеално време за попис е пролетта 2022 година, и оти јуни – јули „никој не прави попис“.

 

актуелно власт опозиција попис
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.