ВМРО-ДПМНЕ: Ако правдата важи за сите, зошто не ги рушат и другите дивоградби низ целата држава

Без никаков срам владата предводена од СДСМ и Зоран Заев се фалат дека спроведуваат правда и дисциплина, кога тоа не важи за сите граѓани односно не важи за функционерите на власта и нивни блиски лица.

Ова криминална влада се фали со уривањето на дивоградбата кај Мавровка, а имено самите тие дозволија да се гради таму.

Ако правдата важи за сите како што велат тие, зошто не ги рушат и другите дивоградби низ целата држава. Зошто владата на СДСМ не ја руши дивоградбата на дивата платформа на Матка, дивоградбата во близина на Скопско Кале кај касарната Илинден и дивоградбата на Нефи и летната тераса кај охридскиот чинар?

Љупчо Николовски кој е задолжен за борба против криминалот и корупцијата очигледно не си ја работи својата работа затоа што прв кој треба да одговара за криминалот и корупција е токму неговиот шеф Зоран Заев.

Заев треба да одговара за тоа како дозволил да се спроведе градба кај Мавровка, треба да одговара за ШИК Јелак каде 200 милиони завршуваат директно во неговиот џеб, за пропаѓањето на Еуростандард Банка, за тоа како неговите фирми и фирмите на Нина Ангеловска земаат државна помош.

СДСМ и Заев не се борат против криминалот, тие се најголемите криминалци во државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ