ВМРО-Народна партија ја повика Владата на Република Северна Македонија да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови.
„Ваквите тестови се продаваат во аптеките во скоро сите наши соседни земји, а како што разбравме, од неодамна во Германија таквите тестови можат да се купат и во маркетите“, се наведува во партиското соопштение.
Овие тестови покрај тоа што биле многу поевтини, давале и брза информација на секоја личност за неговата состојба со што се овозможувал директен прекин на ланецот на ширење на заразата.
Со воведувањето на овие тестови, се наведува во соопштението, македонскиот граѓанин можел само да добие, а никако да изгубел.







