Внатрепартиски избори во Франција, Амон води, Валс е втор

Поранешниот француски министер за образование Беноа Амон води на внатрепартиските избори на Социјалистичката партија која избира кандидат за претседателските избори во Франција, покажуваат првичните резултати од гласањето.

Поранешниот премиер Мануел Валс е на второ место.

Амон моментно води со 35,2 отсто од гласовите, додека Валс има нешто повеќе од 31 отсто.

Француските левичари избираат кандидат кој би требало да биде доволно силен за да се соочи со конзервативните и националистичките противници на изборите за претседател на Франција кои ќе се одржат во април и мај годинава.