Водата во Скопје е исправна за пиење

Водата за пиење во Скопје е исправна за пиење, покажале резултатите од анализите на примероците земени од 44 мерни места.

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 август зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, се вели во денешното соопштение од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Ова јавно претпријатие, со цел подобра информираност на скопјани, објавува неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.