Воздржете се од љубопитство

Кога ќе се впуштите во љубовен „чет“ преку интернет апликациите, треба да водите сметка за прашањата кои ги поставувате, за да не бидете погрешно протолкувана.

Еден од експертите за ова „поле“, Питер Меклуан, вели дека за пробивање на ледот во комуникацијата никако не препорачува веднаш да го прашате лицето што е од другата страна со што се занимава.

„Анкетата покажа дека корисниците на апликациите за запознавање не сакаат кога истиот момент ќе ги „нападнат“ со тоа прашање, затоа што сметаат дека зад него се крие радозналост – колку пари некој заработува или колку е образуван, што лицето може да го одбие.

Наместо тоа, попаметно е разговорот да се почне со поопуштени теми – од каде е некој, што сака да работи во слободно време, каде излегува…

Ако зад тоа се види дека двајца луѓе имаат слични интересирања, тогаш е време за посериозни прашања.