Вознемирувачка иднина за кражба на автомобили: Преку мобилен до луксузно возило

LinkSense.mk

Тестирањето на руската фирма во областа на интернет безбедноста „Касперски“ спроведена на девет Андроид апликации за пристап до автомобилите покажа дека преку нив хакерите можат лесно да го лоцираат, отклучат, а понекогаш и да го стартуваат возилото, пренесува Wired.

Истражувачите Михаил Кузин и Виктор Чебишев не открија веќе постоечки „malware“ на Андроид платформата, но наведуваат дека на вакви апликации, кои не се именувани, често им недостасуваат основни безбедносни мерки што може да ги направи популарна мета на криминалците, посебно имајќи во вид дека некои од нив се превземани и преки милион пати.

Хакерите би можеле да му пристапат на оперативниот систем на телефонот, или да го измамат сопственикот на автомобилот со исфрлување на апликации кои би имале лажен интерфејс кој би ги испраќал сите вметнати податоци на друг сервер.

Овие проблеми можат да бидат драстично намалени кога апликациите би содржеле „malware“ одбранбени методи како на пример енкрипција на податоци, заклучува двоецот истражувачи.