Волстрит во плус

Акциите на Волстрит денеска почнаа со позитивно тргување, пред објавувањето на финансискиот извештај на водечките американски компании, како што се Бенк оф Америка, Нетфликс, Џенерал електрик ….

Околу 15 минути од почетокот на тргувањето, индустрискиот индекс Дау Џонс скокна за 0,3 отсто на 20.515,17 поени, С&П 500 за 0,2 отсто, на 2.333,52 поени, а технолошкиот Насдак за 0,3 отсто на 5.829,13 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

Компаниите, со чии акции се тргува во рамките на индексот С&П 500, би требало да пријават раст на профитот во првото тромесечје од 9,2 отсто, според проценките на истражувачката агенција „Фактсет“.